
Многу фирми и сметководители години наназад работат во иста сметководствена програма, иако знаат дека е бавна, нема поддршка за новите прописи или работи само на еден компјутер. Причината најчесто е стравот: „Што ако се изгубат податоците?“
Преминувањето на нова програма за сметководство не мора да биде ризично ако се направи по ред. Во овој водич е описан тој ред, чекор по чекор.
Кога е време за нова програма?
Размислете за промена ако препознавате барем две од овие ситуации:
- програмата работи само на еден компјутер и не можете да пристапите од дома;
- секоја промена во прописите (ДДВ, плати, е-Фактура) значи чекање „нова верзија“;
- раскнижувањето на изводите го правите рачно;
- за секоја фирма имате посебна база и посебна најава;
- нема историја на промени, па не знаете кој што изменил;
- поддршката одговара бавно или воопшто не одговара.
Чекор 1: Изберете вистински момент
Најлесен премин е на почеток на деловна година, кога со новата програма почнувате со почетни салда. Може и среде година, но тогаш треба да се пренесат и прометите од почетокот на годината, што бара повеќе проверки. Избегнувајте ги неделите пред рок за завршна сметка или ДДВ пријава.
Чекор 2: Затворете ја и проверете ја старата година
Пред преносот, во старата програма:
- проверете ги салдата на партнерите (купувачи и добавувачи);
- направете попис на залихата и усогласете ја со книговодствената состојба;
- проверете ја бруто билансата;
- испечатете или зачувајте ги во PDF клучните извештаи (бруто биланса, картици на партнери, залиха).
Овие извештаи ви се „референца“ со која ќе ја споредите новата програма.
Чекор 3: Што се пренесува
Најчесто се пренесуваат:
- партнери (назив, ЕДБ, адреса, жиро-сметка);
- артикли (шифра, назив, единица мерка, ДДВ стапка);
- контен план и шеми за книжење;
- почетни салда по конта и по партнери;
- почетна залиха по магацини и цени.
Старите документи од претходните години обично не се пренесуваат. Се чуваат во старата програма или во PDF за увид.
Чекор 4: Паралелна работа
Првиот месец е добро да се работи паралелно или барем на крајот од месецот да се споредат клучните бројки: салда на партнери, ДДВ и залиха. Ако бројките се поклопуваат, преминот е успешен.
Чекор 5: Обука за луѓето што ќе работат
Новата програма е добра онолку колку што луѓето знаат да ја користат. Побарајте обука за вработените, особено за раскнижување, плати и МПИН, и кратко упатство за најчестите работи.
Чести грешки при премин
- Премин без проверени салда, па грешките од старата програма се пренесуваат во новата.
- Премин неколку дена пред рок.
- Пренос на сè, наместо само на она што навистина треба.
- Откажување од старата програма пред да се провери првиот месец.
Пренос во Laris Сметководство
Во Laris Сметководство ги пренесуваме партнерите, артиклите, контниот план и почетните салда од вашата стара програма, а потоа правиме обука за вашиот тим. Програмата работи во прелистувач, со една најава за повеќе фирми, и автоматски ги пренесува салдата и залихата во новата година. Побарајте демо и пробајте ја со вашите документи пред да одлучите.


