Laris

Програма за фактури, магацин и залиха

Фактури, понуди, профактури, испратници и приемници со залиха по магацин и ФИФО набавна цена. Документот ја менува залихата веднаш при снимање и се раскнижува во налог со едно кликнување.

  • 30+ видови документи
  • Залиха по објект
  • PDF и е-пошта

Документи за секоја ситуација

Излезни документи

Фактура, готовинска фактура, испратница, профактура, понуда, нарачка, авансна и сторно фактура, времена ситуација.

Влезни документи

Приемница, ПЛТ, интерен прием, повратница, приемница за откуп, квалитативен и квантитативен прием.

Девизно работење

Девизен прием со царина, шпедиција и коефициент; девизен извоз со двојазична фактура, EORI, IBAN и SWIFT.

Претворање документи

Од понуда, нарачка или испратница — нова фактура со еден клик, без повторно внесување.

Залиха по објект

Секој магацин и продавница со своја залиха и ФИФО набавна цена. Интерна испратница меѓу објекти.

Попис и нивелација

Попис со вишок и кусок, нивелација на продажни цени, акции и картица на артикли.

Фактура испратена за секунди

Секој документ се печати, се зачувува како PDF или се праќа по е-пошта до партнерот директно од програмата, со логото и банкарската сметка на вашата фирма.

  • Повеќе банкарски сметки по фирма
  • Белешка на фактура за фирми што не се ДДВ обврзници
  • Историја на сите промени на документот

Прашања

Прашања и одговори

Сите прашања

Кога се менува залихата — при снимање или при книжење?

При снимање на документот, како во класичните материјални програми. Раскнижувањето во налог само ги чита набавните цени и не ја менува залихата.

Може ли да имам повеќе магацини?

Да. Секој објект (магацин или продавница) има своја залиха, а интерната испратница ја префрла стоката од еден во друг објект.

Колку чини програма за фактури и магацин?

Фактурите и магацинот се дел од Laris Сметководство, пакет „Фирма“. Погледнете ја цената на страницата Цени.

Дали може да издадам фактура во евра за странски купувач?

Да. Девизниот извоз е посебен вид документ, со двојазична фактура и податоци за испорака.

Пробајте го Laris бесплатно

Ќе ви покажеме како програмата работи со вашите документи и ќе ве поставиме со вистинските модули — без обврска.