Laris

Софтвер по нарачка за вашата фирма

Кога готовата програма не одговара на начинот на кој работите, ја изработуваме по мерка: програма за Windows, веб апликација или поврзување на системите што веќе ги имате.

  • Windows и веб
  • Поврзување со постоечки системи
  • Одржување

Типични проекти

Евиденции и работни текови

Нарачки, сервиси, рокови, задачи и одобрувања — наместо Excel табели.

Магацин и производство

Специфични процеси што стандардните програми не ги покриваат.

Интеграции

Поврзување на веб продавница, сметководство, банка, е-Фактура и фискални уреди.

Извештаи и контролни табли

Бројките што ви требаат, на едно место, од сите ваши системи.

Хардвер

Фискални печатачи, баркод скенери, скенери за документи и ваги.

Работа без интернет

Програми што продолжуваат да работат и кога врската паѓа — како Laris POS.

Изградено на проверена основа

Наместо да почнуваме од нула, користиме делови што веќе работат кај стотици клиенти во Laris производите — синхронизација, фискализација, печатење, корисници и права. Тоа значи побрза изработка и помалку грешки.

  • Изворниот код и податоците остануваат ваши
  • Документација и обука
  • Договор за одржување по избор

Изработено од нас

Веб страна

Bjadov Company

Веб страна за изработка на луксузни рамки по нарачка: производи, проекти, процес на работа и барање понуда.

Посети bjadovcompany.com

Прашања

Прашања и одговори

Сите прашања

Дали е подобро софтвер по нарачка или готова програма?

Ако готова програма ги покрива 90% од потребите, таа е поевтина и побрза. Софтвер по нарачка има смисла кога вашиот процес е специфичен или кога треба да поврзете повеќе системи. Ќе ви кажеме искрено што е подобро за вас — понекогаш тоа е Laris ERP со мала доработка.

Колку чини софтвер по нарачка?

Цената зависи од функциите и поврзувањата. По краток разговор добивате понуда со фиксна цена и рок за првата фаза.

Имате проект?

Опишете ни што ви треба — веб страна, програма или апликација — и ќе добиете понуда со цена и рок.