Laris

Програма за плати со МПИН за УЈП

Пресметка на плати за сите вработени по месечните параметри на УЈП, со платни списоци, рекапитулар и готова МПИН датотека за поднесување преку е-Даноци.

  • Параметри по месец од УЈП
  • МПИН TXT и XML
  • Платни списоци за печатење

Пресметка на плата без табели

Вработени

Лични податоци, ЕМБГ, општина по шифрарникот на УЈП, банка и сметка, ослободувања, пријави и одјави.

Бруто и нето

Придонеси за ПИОМ, здравство и вработување, персонален данок и доплата до најниска основица — автоматски.

Часови и боледувања

Редовни и дополнителни часови, боледување по процент, аванси и денови стаж по месец.

МПИН датотека

Генерирај МПИН како TXT за програмата на УЈП или XML за е-Даночни услуги.

Печатење

Рекапитулар, платен список во три формати и пресметковен лист за секој вработен.

Промени во стапките

Параметрите се чуваат по месец, па пресметка за минат месец ги користи тогашните стапки.

Параметрите на УЈП се веќе внесени

Стапките на придонесите, просечната плата и најниската основица се внесени по месец. Кога УЈП ги менува стапките, новата пресметка автоматски ги користи новите, а старите остануваат точни.

  • Заокружување на денар по поле, како во МПИН
  • Вид обврска и обврзник по пресметка
  • Податоците за вработените се споделени со патните сметки

Прашања

Прашања и одговори

Сите прашања

Дали програмата прави МПИН?

Да. Од секоја пресметка на плата се генерира МПИН датотека во TXT формат за клиентската програма на УЈП или во XML формат за е-Даночни услуги.

Што ако се променат стапките на придонесите?

Параметрите се чуваат по месец. Новата стапка важи од месецот кога е воведена, а пресметките за претходните месеци остануваат со старите стапки.

Колку чини програмата за плати?

Платите се дел од Laris Сметководство, пакет „Сметководител“. Цената зависи од бројот на фирми и корисници — погледнете ја страницата Цени или побарајте понуда.

Дали може да пресметам плата со боледување и аванс?

Да. Во пресметката се внесуваат часовите во месецот, боледувањето по процент и авансите, а програмата ги пресметува износите.

Дали програмата печати платен список?

Да — рекапитулар, платен список во три формати и пресметковен лист за секој вработен.

Пробајте го Laris бесплатно

Ќе ви покажеме како програмата работи со вашите документи и ќе ве поставиме со вистинските модули — без обврска.