Laris

Преземи Laris

Сметководството и касата на Windows. Келнерите на телефон. Сопственикот — од каде било.

Достапно

Laris Сметководство за Windows

Програмата за сметководство како апликација на компјутерот — истите фирми, документи и извештаи како на вебот, со скенирање фактури директно од скенерот.

  • Windows 10 или 11 (32-bit или 64-bit)
  • Интернет — податоците се чуваат во Laris облакот
  • Најава со вашата Laris Сметководство сметка
  • Скенирање фактури — на 64-bit Windows
Преземи инсталер
Верзија
1.4.2
Големина
89 MB
Објавено
16 ноември 2026 г.

Што е ново

  • Финансово и материјално книговодство
  • ДДВ и картици на партнери
  • Плати со МПИН
  • Завршна сметка и АОП
  • Скенирање фактури
Достапно

Laris POS за Windows

Целосната каса за компјутерот во локалот — база, фискален печатач и сите екрани. Сè е вклучено во инсталерот.

  • Windows 10 или 11, 64-bit
  • Фискален печатач преку COM (RS-232) порта
  • Лиценцен клуч — се внесува при инсталација
  • Интернет само за активација и синхронизација
Преземи инсталер
Верзија
2.6.2
Големина
170 MB
Објавено
16 ноември 2026 г.

Што е ново

  • Работа без интернет
  • Фискализација
  • Маси и сали
  • eWaiter за келнери
  • Кујнски екран (KDS)
Достапно

eWaiter за Android

Апликација за келнери: скенирај го QR кодот од касата, најави се со PIN и нарачувај од масата.

Отворете ја преземената датотека на телефонот и дозволете инсталација од овој извор ако Android праша. Потоа на касата: Поставки → Поврзи eWaiter телефон и скенирајте го QR кодот.
Преземи APK
Верзија
2.2.0
Големина
4 MB
Објавено
29 октомври 2026 г.
Веб

Веб портал за сопственици

Промет, продажба по артикли, смени, вработени и залиха — од компјутер или телефон, без инсталација.

Од преземање до прва сметка за едно попладне

  1. 1

    Побарајте лиценца

    Јавете ни се или пополнете ја формата. Ве поставуваме со вистинските модули.

  2. 2

    Инсталирајте

    Преземете го инсталерот за Windows и стартувајте го.

  3. 3

    Внесете го клучот

    Инсталерот го проверува клучот и ги подесува бизнисот и менаџерскиот PIN.

  4. 4

    Почнете да продавате

    Внесете артикли, поврзете ги телефоните со QR код и отворете ја смената.

Прашања

Инсталација и ажурирање

Сите прашања

Windows прикажува предупредување при инсталација — дали е безбедно?

Windows SmartScreen понекогаш предупредува за програми од помали издавачи. Ако инсталерот е преземен од оваа страница, кликнете „Повеќе информации“ → „Сепак стартувај“. Инсталерот нема да продолжи без валиден лиценцен клуч.

Како се ажурира програмата?

Автоматски. Касата сама проверува дали има нова верзија и ја инсталира без да ги допира вашите податоци.

Како ги поврзувам телефоните на келнерите?

Во касата отворете Поставки → Поврзување уреди и скенирајте го QR кодот со телефонот на истата Wi-Fi мрежа. Келнерот се најавува со својот PIN и може веднаш да нарачува.

Дали инсталерот е бесплатен?

Преземањето е бесплатно, но за користење на програмата е потребен лиценцен клуч. Побарајте демо за пробен период.

Кој компјутер ми треба за Laris POS?

Windows 10 или 11 (64-bit) компјутер, фискален печатач поврзан преку COM или USB, и интернет само за активација и синхронизација.