Laris

Програма за ресторани: маси, келнери и кујна

Келнерот нарачува од телефон кај масата, нарачката веднаш се појавува на кујнскиот екран, а фискалната сметка се печати на касата. Сè работи преку локалната мрежа — и кога нема интернет.

  • План на маси
  • QR нарачка од маса
  • eWaiter на Android
  • Кујнски екран

Цел сервис од маса до кујна

Маси и сали

План на маси по простории — сала, тераса, шанк — со статус и износ на секоја маса.

eWaiter

Нарачки од телефон директно до шанк и кујна. Келнерот не трча до касата.

Кујнски екран

Нарачките во реално време, по станица, со време од нарачувањето.

QR мени и нарачка

Гостите го гледаат менито и нарачуваат сами преку QR кодот на масата.

Фискална сметка

Наплата и фискализација на касата, Z и X извештаи, сторно.

Залиха

Секоја продажба ја намалува залихата, со трага кој и кога ја менувал.

Извештаи од дома

Промет по келнер, по артикл и по смена — од телефон.

Пакет Ресторан

Core POS, Маси, eWaiter и кујнски екран — сè што е потребно за ресторан со келнери и кујна. За точна цена на чинење на јадењата, поврзете го со Laris ERP и нормативите.

  • PIN најава за секој келнер
  • Автоматска одјава по неактивност
  • Повеќе каси со заеднички артикли

Прашања

Прашања и одговори

Сите прашања

Што ако падне интернетот за време на смената?

Ништо не застанува. Касата, телефоните на келнерите и кујнскиот екран комуницираат преку локалната Wi-Fi мрежа. Податоците се праќаат во облакот кога интернетот ќе се врати.

Која фискална каса е најдобра за ресторан?

За ресторан е важно касата да работи и без интернет, да има план на маси, нарачки од телефон за келнерите, QR мени и нарачка од маса, кујнски екран и залиха. Laris POS ги има сите, со пакет Ресторан и извештаи од облак за сопственикот.

Дали келнерите можат да користат свои телефони?

Да, секој Android телефон на истата Wi-Fi мрежа. Телефонот се поврзува со скенирање QR код од касата и најава со PIN.

Колку чини програма за ресторан?

Пакетот Ресторан вклучува маси, eWaiter, кујнски екран и QR мени. Laris POS цена за ресторан: погледнете ја страницата Цени или побарајте понуда.

Дали гостите можат да нарачуваат преку QR код?

Да. Гостинот го скенира QR кодот на масата, го гледа менито и нарачува; нарачката оди во кујна и на сметката на масата.

Пробајте го Laris бесплатно

Ќе ви покажеме како програмата работи со вашите документи и ќе ве поставиме со вистинските модули — без обврска.