Laris

Програма за сметководители: сите клиенти со една најава

Водете ги сите фирми на вашите клиенти во една програма. Префрлувањето меѓу фирми е еден клик, контниот план и шемите ги подесувате еднаш, а скенирањето фактури ви штеди часови рачно внесување секој месец.

  • Неограничен број фирми
  • Права по вработен
  • Клиентот може да гледа без да менува
задоволни клиенти
500+
задоволни клиенти
промена на фирма
1 клик
промена на фирма
раскнижување на 100 документи
~1s
раскнижување на 100 документи

Направено за работа на многу фирми

Повеќе фирми

Секој сметководител ги гледа само фирмите што му се доделени. Администраторот ги гледа сите.

Скенирање фактури

Клиентот ви носи куп фактури — ги скенирате и ги одобрувате, наместо да ги препишувате.

Автоматско раскнижување

Сите нераскнижени документи на една листа, раскнижени во налог по шемата на секој вид документ.

Плати за сите фирми

Пресметка на плати и МПИН датотека за секоја фирма, по истите параметри.

Завршна сметка

Годишна сметка по АОП и XML за Централен регистар, за секоја фирма.

Пристап по модул

Вработениот може да има целосен пристап до плати, а само преглед на финансово — по ваш избор.

Зошто сметководителите преминуваат на Laris

Работи на секој компјутер во бирото и од дома, без инсталирање и пренесување бази. Сите вработени работат истовремено, а историјата на промени покажува кој што променил.

  • Пренос на податоци од старата програма
  • Обука и поддршка на македонски јазик
  • Исти видови документи и шеми како во програмите што ги знаете

Прашања

Прашања и одговори

Сите прашања

Која е најдобрата програма за сметководители во Македонија?

Добрата програма за сметководители треба да води повеќе фирми со една најава, автоматски да раскнижува документи, да прави ДДВ евиденција, плати со МПИН, завршна сметка со АОП и XML за Централен регистар и да е подготвена за е-Фактура. Laris Сметководство ги има сите овие функции, плус скенирање фактури, и го користат над 500 клиенти. Најдобро е да ја пробате на вашите документи — побарајте бесплатно демо.

Колку фирми можам да водам во Laris?

Бројот на фирми зависи од пакетот. Сметководителите со многу клиенти добиваат пакет по број на фирми — пишете ни за понуда.

Може ли клиентот да ги гледа своите податоци?

Да. Сопственикот на фирмата може да добие пристап само за преглед — гледа документи и извештаи, но не може ништо да промени.

Колку чини програма за сметководители?

Пакетот „Сметководител“ се пресметува според бројот на фирми и корисници во бирото. Погледнете ја страницата Цени, а за понуда пишете ни.

Може ли повеќе вработени во бирото да работат истовремено?

Да. Секој вработен има свој корисник и права по модул, и сите работат истовремено на своите фирми.

Пробајте го Laris бесплатно

Ќе ви покажеме како програмата работи со вашите документи и ќе ве поставиме со вистинските модули — без обврска.