Laris

ERP софтвер: целата фирма во една програма

Laris ERP ги поврзува Laris Сметководство и Laris POS во еден систем со една база: продажба и каси, набавка, магацин, производство, плати и книговодство. Секој документ се внесува еднаш и оди насекаде каде што треба.

  • Една база за цела фирма
  • Повеќе магацини и продавници
  • Права по корисник

Деловен софтвер за фирми што растат

Кога фирмата има магацин, неколку продавници или производство, посебни програми за каса, магацин и книговодство значат препишување и разлики. Laris ERP е еден систем: продажбата на каса ја намалува истата залиха што ја гледа магацинерот, а сметководителот ја раскнижува без рачен внес.

Ги вклучувате само деловите што ви требаат. Трговска фирма без производство не плаќа производство, а фирма без каси не плаќа POS.

Модули на Laris ERP

Финансово книговодство

Налози, конта, картици, ДДВ, биланси и завршна сметка.

Продажба и фактурирање

Понуди, профактури, нарачки, испратници, фактури, авансни и сторно фактури, девизен извоз.

Набавка

Приемници, ПЛТ, девизен прием со царина и шпедиција, повратници и откуп.

Магацин и залиха

Повеќе објекти, интерни испратници, попис, нивелација и ФИФО набавна цена.

Фискални каси

Laris POS во продавниците и угостителските објекти, со иста залиха и артикли.

Производство

Нормативи, работни налози, потрошувачка на репроматеријал и цена на чинење.

Плати и вработени

Досиеја на вработени, пресметка на плати, боледувања, аванси и МПИН.

Партнери и наплата

Кредитни лимити, забрана за продажба на должници, преплати и камата.

Извештаи

Продажба по артикли и партнери, промет по објекти, споредба материјално — финансово.

е-Фактура

Издавање и прием на е-фактури директно од програмата, подготвено за задолжителната примена.

Контрола над наплатата

За секој купувач поставувате кредитен лимит, лимит на доспеан долг и максимален број денови задоцнување. Програмата не дозволува нова фактура за партнер што го пречекорил лимитот — пред стоката да излезе од магацин.

  • Кредитен лимит и доспеан долг
  • Забрана за втора фактура пред плаќање
  • Предупредување за преплата

Точна набавна цена

Залихата се води по ФИФО за секој објект. Набавната цена на секоја продажба е позната веднаш, па заработката по артикл, партнер и објект е вистинска, а не проценета.

  • Залиха по објект во реално време
  • Предупредување за продажба под набавна цена
  • Пренос на залиха во новата година

Прашања

Прашања и одговори

Сите прашања

Што е Laris ERP?

Laris ERP е македонски деловен софтвер што ги поврзува сметководството, магацинот, продажбата, фискалните каси (Laris POS), производството и платите во еден систем со една база.

Која е разликата меѓу Laris Сметководство и Laris ERP?

Laris Сметководство е за водење книговодство и материјално работење. Laris ERP ги поврзува сметководството, фискалните каси (Laris POS), производството и платите во еден систем со заедничка база, наменет за фирми со повеќе објекти и вработени.

Може ли да почнам само со еден модул?

Да. Повеќето фирми почнуваат со сметководство или со каса, а другите модули ги вклучуваат подоцна. Податоците што веќе ги имате остануваат.

Колку чини Laris ERP?

Laris ERP е по договор — цената зависи од модулите, бројот на корисници и објекти. Пишете ни и ќе ви испратиме понуда по мерка.

Дали Laris ERP работи со повеќе магацини и продавници?

Да. Секој објект има своја залиха, со интерни испратници меѓу нив, а касите во продавниците ги користат истите артикли.

Колку време трае воведување на ERP?

Зависи од бројот на модули и објекти. Почнуваме со модулите што ви требаат најмногу, ги пренесуваме податоците и ги обучуваме корисниците — останатите модули се вклучуваат постепено.

Пробајте го Laris бесплатно

Ќе ви покажеме како програмата работи со вашите документи и ќе ве поставиме со вистинските модули — без обврска.