Laris

Програма за сметководство за сметководители и фирми

Финансово и материјално книговодство во една програма: фактури и приемници, автоматско раскнижување во налози, ДДВ, картици на партнери, плати со МПИН и завршна сметка — со македонските обрасци и правилници.

  • Повеќе фирми со една најава
  • Автоматско раскнижување
  • Скенирање фактури
задоволни клиенти
500+
задоволни клиенти
најава за сите ваши фирми
1
најава за сите ваши фирми
XML за Централен регистар
АОП
XML за Централен регистар
TXT и XML за УЈП
МПИН
TXT и XML за УЈП

Сметководствен софтвер направен по македонските прописи

Laris Сметководство е развиен со сметководители, по логиката на програмите со кои работите години наназад: истите видови документи, налози, шеми за книжење и извештаи — но во модерен прозорец, побрз и достапен од секој компјутер.

Документот се внесува еднаш. Фактурата, приемницата или ПЛТ-то ја менуваат залихата веднаш при снимање, а со едно кликнување се раскнижуваат во налог по шемата за тој вид документ. Картиците, ДДВ евиденцијата, билансот и завршната сметка се пресметуваат од истите податоци — без пренесување и без двојно внесување.

Сè што сметководителот работи секој ден

Налози и раскнижување

Автоматско раскнижување на фактури, приемници, изводи и благајна по шеми за книжење. Нераскнижени документи на едно место.

Картица на партнери

Салдо по конто, отворени и врзани ставки, доспеани долгови, компензации и извештаи — за секој партнер.

ДДВ евиденција

Влезни и излезни ДДВ по стапки 18%, 10% и 5%. Секој ред ја памети стапката со која е снимен, па старите извештаи не се менуваат.

Плати и МПИН

Пресметка на плати по параметри на УЈП, платни списоци, рекапитулар и МПИН датотека за е-Даноци.

Завршна сметка

Затварање на година, почетна состојба, биланс на состојба и успех по АОП, XML за Централен регистар.

Скенирање фактури

Ставете ги фактурите во скенерот — програмата ги чита бројот, датумот, партнерот и износите и прави нацрт документ за одобрување.

Материјално и залиха

Приемници, фактури, испратници, нивелации и попис. Залиха по објект со ФИФО набавна цена.

Основни средства

Регистар на основни средства, набавна вредност, исправка и пресметка на амортизација.

е-Фактура

Издавање и прием на е-фактури директно од програмата, подготвено за задолжителната примена.

Патни сметки и камата

Патни налози со дневници и трошоци, ЕТ книга и пресметка на камата — пропорционална или конформна.

Програма за сметководители: сите фирми на едно место

Сметководителот се најавува еднаш и од листа ја избира фирмата на која работи. Секоја фирма има свои документи, партнери, магацини и деловна година, а контниот план и шемите за книжење ги подесувате само еднаш за сите.

  • Неограничен избор на фирма без одјавување
  • Права на пристап по корисник и по модул
  • Сопственикот на фирмата може да гледа без да менува
  • Историја на промени — кој, што и кога променил

Деловна година и заклучување

Секој запис припаѓа на годината од својот датум, а броевите почнуваат одново секоја година. Затворена година е заклучена за промени, а почетната состојба автоматски ги пренесува салдата и залихата во новата година.

  • Почетен налог со салда по конто и партнер
  • Пренос на залиха по ФИФО слоеви
  • Заштита од промена на раскнижени документи

Брзо, и на голем број документи

Програмата е градена за бироа со стотици фирми и илјадници документи. Листите се вчитуваат постепено, а раскнижувањето на сто документи трае околу една секунда.

  • Веб пристап — без инсталација на секој компјутер
  • Печатење и PDF на сите документи
  • Праќање фактура по е-пошта директно од програмата

Прашања

Прашања и одговори

Сите прашања

Што е Laris Сметководство?

Laris Сметководство е македонска програма за сметководство и материјално работење: налози и автоматско раскнижување, ДДВ, картица на партнери, плати и МПИН, завршна сметка со АОП и XML за Централен регистар, скенирање фактури и е-Фактура. Ја користат над 500 клиенти.

За кого е наменета програмата за сметководство Laris?

За сметководители и сметководствени бироа кои водат повеќе фирми, и за фирми што самостојно ги водат фактурите, магацинот и книговодството. Двете групи работат во истата програма — разликата е само во правата на корисниците.

Може ли да ги пренесам податоците од старата сметководствена програма?

Да. Партнерите, артиклите, контниот план и почетните салда ги пренесуваме при поставување. Шемите за книжење и видовите документи се исти како во програмите на кои сте навикнати, па не мора да учите нов начин на работа.

Дали програмата прави МПИН и завршна сметка?

Да. Модулот Плати ја прави МПИН датотеката за УЈП (TXT и XML), а Завршна сметка ги пресметува билансот на состојба и билансот на успех по АОП и креира XML за поднесување во Централен регистар.

Дали треба да се инсталира на секој компјутер?

Не. Laris Сметководство се отвора од прелистувач, а постои и Windows верзија за оние кои претпочитаат програма на работната површина. Податоците се чуваат на сервер, не на еден компјутер во канцеларијата.

Колку чини програмата за сметководство Laris?

Цената зависи од пакетот — „Фирма“ за фирма што сама ги води документите или „Сметководител“ за бироа со повеќе фирми — и од бројот на фирми и корисници. Laris Сметководство цена за вашата фирма: погледнете ја страницата Цени или побарајте понуда.

Дали има бесплатна пробна верзија?

Да. Побарајте демо и ќе ви овозможиме пробен период со вашите документи, пред да одлучите.

Дали програмата за сметководство е подготвена за е-Фактура?

Да. е-Фактурата е вградена во Laris Сметководство — фактурата ја правите како и досега, а програмата е подготвена за задолжителната примена.

Може ли да работам од дома или од повеќе компјутери?

Да. Laris Сметководство се отвора од прелистувач, па работите од канцеларија, од дома или од друг компјутер, со истите податоци.

Пробајте го Laris бесплатно

Ќе ви покажеме како програмата работи со вашите документи и ќе ве поставиме со вистинските модули — без обврска.